Два разорувачи на американската морнарица поминаа низ Ормутскиот теснец и влегоа во Персискиот Залив откако одбија ирански напад во кој беа вклучени ракети, беспилотни летала и мали чамци, објави Анадолу.
„USS Truxtun“ и „USS Mason“, поддржани од хеликоптери „Apachi“ и други авиони, беа цел на координирани ирански напади за време на преминот, објави „CBS News“, повикувајќи се на американски официјални лица.
According to CBS, citing defense officials speaking on condition of anonymity, the USS Truxtun (DDG-103) and USS Mason (DDG-87) transited the Strait of Hormuz today into the Persian Gulf under constant threat from Iranian fires. Per the report, both destroyers transited while… pic.twitter.com/TVVpUYONre
— OSINTdefender (@sentdefender) May 5, 2026
И покрај интензитетот на нападите, ниту еден брод не беше погоден, се вели во извештајот.
Два трговски брода под американско знаме, исто така, успешно поминаа низ теснецот, соопшти Централната команда на САД, како дел од иницијативата „Проект слобода“ што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп во неделата.
Иран претходно ги предупреди американските сили дека ќе ги нападне ако влезат во теснецот, во време кога е на сила кревко примирје меѓу двете земји.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во вторникот изјави дека „нема воено решение за политичката криза“, предупредувајќи ги Соединетите Држави за можноста за ескалација во Ормутскиот теснец и забележувајќи „напредок“ во мировните преговори.
Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати на Израел и сојузниците на САД во Заливот, затворајќи го Ормутскиот теснец.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна го продолжи прекинот на огнот на неодредено време.
Од 13 април, САД спроведуваат поморска блокада насочена кон иранскиот сообраќај во Ормутскиот теснец.
