Санкциите паѓаат пред реалноста: Јапонија увезува руска нафта за прв пат по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток

Од:

Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во Русија за прв пат по нападите на САД и Израел врз Иран во февруари, што доведоа до фактичко затворање на Ормутскиот теснец, изјави официјален претставник на јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

Нафтата доаѓа од проектот Сахалин-2 на рускиот Далечен Исток, а пратката ја купи јапонската компанија „Таиџо Оил“. Танкерот со нафта исплови кон крајот на април и се очекува да пристигне во префектурата Ехиме во западна Јапонија, објави новинската агенција „Кјодо“.

Овој потег доаѓа во време кога Јапонија, која е во голема мера зависна од увозот на енергија од Блискиот Исток, се стреми да ги диверзифицира своите извори на снабдување поради нарушувањата на глобалните пазари.

Проектот Сахалин-2 го води рускиот енергетски гигант „Газпром“, а јапонската корпорација „Мицубиши“ и „Мицуи и Ко.“ се главни партнери.

Според јапонските власти, пратката не е предмет на санкции наметнати врз Русија од страна на САД и европските земји по избувнувањето на војната во Украина во 2022 година.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Источното крило на НАТО се подготвува за конфликт со Русија, Европа се плаши дека ќе биде оставена сама

Русите го нападнаа Киев, има мртви и ранети

Цените на нафтата се вратија на предвоеното ниво

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата паднаа на нивоа од пред војната со Иран

ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди и Јапонија

Светот се плашеше од цената од 200 долари за барел: Како Кина тивко ја спаси светската економија