Белата куќа пронајде нов „виновник“ за нападот врз Трамп

Од:

Белата куќа соопшти дека уште еден обид за атентат врз Доналд Трамп е поврзан со радикална реторика, додека инцидентот во Вашингтон е под истрага. Белата куќа соопшти дека уште еден радикален левичар се обидел да го убие американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот, велејќи дека тоа е трет таков напад за помалку од две години. Според нив, нападот не бил случаен. Портпаролката Керолин Ливит изјави дека манифестот на напаѓачот „звучи како да го напишале демократите“. Администрацијата на Доналд Трамп ги обвини демократите дека со години користат провокативна реторика против претседателот, неговата администрација и милиони Американци, нарекувајќи ги фашисти и закана за демократијата.

Тие се повикуваат на изјави на демократски функционери, вклучувајќи го и Хаким Џефрис, кој рече дека „демократите влегоа во ера на максимална војна против републиканците“ и сенаторот Чак Шумер, кој ги повика поддржувачите да „се кренат против претседателот Трамп“.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, ги повика поддржувачите да „удрат врз опозицијата“, додека гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, рече дека „главите мора да паднат“. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека неговата држава е „во војна со федералната влада“, додека конгресменката Бони Вотсон Колман повика на итна смена на претседателот.

„Ова е само дел од болната реторика од последните месеци“, се вели во соопштението на Белата куќа, додавајќи дека Трамп рекол „доста е“.

За потсетување, вооружен човек, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, отвори оган во хотелот Вашингтон Хилтон за време на вечерата на дописниците од Белата куќа, на која присуствуваше и претседателот. Осомничениот беше совладан откако рани агент на Тајната служба.

Ова е трет пат за три години Трамп да се соочи со сериозна закана, откако преживеа два обиди за атентат за време на кампањата во 2024 година, вклучувајќи и куршум што му го изгреба увото на митинг во Пенсилванија.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп продолжува да опаѓа

Трамп: Иран е пред колапс, нè информираа дека сакаат да го отворат Ормутскиот теснец

Мерц: Трамп беше надигран и понижен

ВИДЕО: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за прекин на војната

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не бев загрижен, напаѓачот е болен човек

Трамп се заканува, Иран е сè потрпелив: Војната донесе повеќе придобивки отколку штета за Техеран