Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормутскиот теснец по војната

Од:

Иран ќе дозволи премин низ Ормутскиот теснец во Персискиот Залив по завршувањето на војната против САД и Израел само во согласност со протоколите што ќе ја заштитат безбедноста на Иран, изјави денес заменик-министерот за одбрана на земјата, Реза Талаеи Ник.

Ник рече дека Иран ги признава меѓународните загрижености во врска со моменталните ограничувања што ги воведе за премин низ Ормутскиот теснец, но нагласи дека ограничувањата се одговор на нападите на САД и Израел врз земјата, кои започнаа кон крајот на февруари и беа запрени со прекин на огнот на 8 април, објави Прес ТВ.

Тој рече дека Иран ќе дозволи комерцијален премин низ теснецот ако војната заврши трајно.

„Обезбедувањето непречен транзит на комерцијални бродови ќе биде на дневен ред по завршувањето на војната, под услов да се почитуваат протоколите што не ја загрозуваат безбедноста на Иран“, рече Ник.

Би можело да ве интересира

Ирански борбен авион од времето на Виетнамската војна ја проби американската одбрана во Кувајт

Иран го ревидираше бројот на жртви во нападот врз училиштето Минаб

Трамп: Иран е пред колапс, нè информираа дека сакаат да го отворат Ормутскиот теснец

CNN: САД и Иран тајно разговараат, позициите не се толку оддалечени

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните три недели

Иран им го нуди на земјите своето искуство за „победување на Америка“

Катерина Ѓуровски