Терористот Андерс Беринг Брејвик, осуден за масовно убиство во Норвешка на 22 јули 2011 година, повторно го смени своето име во националниот регистар, објавија норвешките медиуми.
Во 2017 година, тој го смени своето име во Фјотолф Хансен, а минатата година, според официјалните записи, го смени своето име во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики, објави порталот „Афтенпостен“.
Брејвик беше осуден во 2012 година за терористички напади во владиниот округ Осло и на островот Утоја, кога беа убиени 77 лица.
