(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја негира реалноста во однос на евроинтегративниот процес, посочувајќи дека последните оценки од европратеникот и известувач за Северна Македонија, Томас Вајц, го демантираат.

„Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеењето на правото, со директна оценка дека во последната година нема никаков напредок ниту во евроинтеграцијата, ниту во реформите“, рече Филипче.

Според него, наместо да ја прифати критиката, премиерот продолжува со, како што рече, негирање на состојбите и со став дека „нема да отстапи ни милиметар“ во однос на уставните измени и вклучувањето на дел од заедниците во Уставот.

Филипче оцени дека Владата води политика што го блокира европскиот пат на државата и создава конфликти со соседите, наместо да работи на реформите. Тој ја обвини власта и за, како што рече, анти-европска реторика и изолација на земјата.

„Додека регионот напредува кон ЕУ, ние тапкаме во место. Црна Гора е веќе на чекор до членство, а веднаш по неа и Албанија“, изјави Филипче, додавајќи дека од застојот најмногу губат граѓаните.

Тој посочи дека поради блокадата се губат европски фондови и можности за развој на инфраструктурата, здравството и образованието, како и поддршката за земјоделството.

Во обраќањето, Филипче упати и критики за, како што рече, навредливата реторика на премиерот кон граѓаните и обвини дека Владата има за цел партиска контрола врз институциите и ресурсите.

„СДСМ останува цврсто на европскиот пат и нема да дозволи државата да биде изолирана“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание