Мицкоски: Очекувам денес повторно дизелот да поевтини за 2 до 2,5 денари

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала одговараше на ноивинарски прашања. Тој даде свое видување за цените на дизелот и враќањето на ДДВ- то на 18%.

– Не мислам дека е преуранета, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква робусна мерка веднаш и со тоа успеја да го задржи нивото на едни пристојни граници. Според нашите калкулации, јас очекувам дека денес повторно дизелот ќе поевтини, за 2 до 2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот берше таков на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза, изјави Мицкоски.

Пртемиерот Мицкоски додаде дека очекува мало зголемување на цените на бензините, тaка ДДВ- то ни е 10% и оваа недела останува со истиот процент.

– Како Влада се бориме жилаво во овие два месеца и успеавме да не дозволиме како многупати во минатото да бидеме на дното туку напротив да бидеме на врвот според процентот на нашиот БДП, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

Мицкоски: По општинските комитети, следува освежување и во останатите структури на партијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб