(ВИДЕО) Украинците со робот спасија 77 годишна жена од воена зона

Од:

Украинците спасија старица со робот во воена зона. Операторите на беспилотни летала од 60-та посебна механизирана бригада на украинската армија користеа копнен дрон за да ја спасат 77-годишната жена.

Тие забележале жена како оди по пат кој е постојано под руски оган.

Информацијата ја објави на социјалните мрежи 3-тиот армиски корпус, во кој е вклучена и 60-та механизирана бригада.

Војниците од единицата „Цербер“, која управува со беспилотни копнени системи, биле на извидување кога забележале старица како оди меѓу кратери од гранати.

Снимките што подоцна беа објавени ја покажуваат старицата како во еден момент паѓа на земја.

Потоа војниците одлучија да започнат операција за спасување со помош на робот. За да не ја исплашат жената, војниците го покрија земјениот робот со ќебе на кое беше напишана пораката: „Бабо, влези“, соопшти единицата.

Воени извори истакнуваат дека 77-годишната жена живеела во својот дом 53 години. Нејзината куќа неодамна била целосно уништена од руските сили, оставајќи ја старицата без покрив над главата на средина од воената зона.

Покрај старицата, украинските беспилотни летала следеле уште тројца цивили кои оделе кон местото на евакуација. Штом стигнале до оклопното возило, борците на 1-виот механизиран баталјон ги одвлекле од фронтовската линија.

Цивилите потоа биле преземени од вработени во службата за грижа „Ангели“, која работи во рамките на 3-тиот корпус. Тие се погрижиле за нивниот безбеден транспорт и понатамошна помош.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон