Виткоф и Кушнер патуваат во Пакистан на разговори за Иран

Од:

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, патуваат во Пакистан на разговори во врска со Иран, објави Белата куќа.

Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, Иран изрази подготвеност за разговори, додека американскиот потпретседател Џ.Д. Венс е подготвен да се придружи доколку преговорите бидат успешни, објави Би-Би-Си.

Белата куќа изјави дека одлуката за испраќање на претставникот е донесена со цел да се „слуша иранската страна“, со оценка дека е забележан одреден напредок во последните денови. Во исто време, Техеран ја нагласува својата подготвеност за преговори, но посочува на пречки како што се блокадата и заканите.

Средбата меѓу американските претставници со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, би можела да се одржи во понеделник откако Кушнер и Виткоф ќе одржат одделни билатерални разговори со пакистанските медијатори, објави новинарот на Axios, Барак Равид, повикувајќи се на два извори.

Равид напиша на Платформа X, повикувајќи се на пакистански функционер, дека состаноците на функционерот со Аракчи во Исламабад ќе се фокусираат на рестартирање на преговорите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Трилатералната средба со САД ќе биде оценета по нашата средба со Аракчи“, рече пакистанскиот функционер, објави Равид.

Тој рече дека се очекува Аракчи да отпатува од Исламабад до Мускат, Оман, а потоа во Москва, па затоа не е јасно кога ќе се сретне со американските претставници.

Би можело да ве интересира

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран

А1он

Претседателот на Иран: Излегување од состојба „од војна во мир“ не претставува капитулација

А1он

Иранскиот шеф за безбедност: Нападнавме воени бази, сега би можеле да нападнеме и компании

А1он

Иран: Америка не го разбира јазикот на дипломатијата

А1он

Трамп со порака до Иран: Она што го искористивме досега беше занемарливо – предајте се!

А1он

Трамп за договорот меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

Горан Наумовски