Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека повеќе не сака да постигне договор со Иран, по извештаите дека американската војска се подготвува за можни напади врз земјата, веројатно пред изборите за Конгресот.

„Не мислам дека договорот е нешто што навистина сакам да го постигнам повеќе, но тие се подготвени да ни понудат сè само за да запрат сè“, рече Трамп.

Трамп додаде дека специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, работи на договорот и дека „одлично си ја врши работата“.

Американскиот претседател и неговиот тим за национална безбедност разговараа за можноста за продолжување на големите американски воени операции во наредните недели, објави во средата „Ен-Би-Си њуз“ повикувајќи се на американски функционер.

Продолжувањето на вооружениот конфликт би можело да вклучи „масовно бомбардирање“ на иранските енергетски капацитети, инфраструктурата и нуклеарните цели, а воената ескалација би можела да влијае на исходот од претстојните избори за Конгресот.

Популарноста на Трамп падна на рекордно ниско ниво поради загриженоста за високите трошоци за живот, поттикнати од вртоглавиот раст на цените на бензинот и дизелот.

Претходно оваа недела, Трамп изјави дека најголемиот проблем на Вашингтон е тоа што, за време на преговорите за ставање крај на конфликтот, никој не знаел кој навистина го предводи Иран.

Би можело да ве интересира

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

(ВИДЕО) Трамп ја отпушти Кејти Закарија, една недела откако ја назначи за портпарол на Белата куќа

А1он

Лукашенко до Трамп: Не одлучуваш ти, украинскиот народ ќе одлучи!

А1он

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он