Воздухопловните сили на Јужна Кореја се извинија за судирот во воздух во кој учествуваа два борбени авиони, откако ревизорите изјавија дека се верува дека несреќата е предизвикана од пилоти кои правеле селфиња и снимале за време на летот.
– Искрено се извинуваме на јавноста за загриженоста предизвикана од несреќата, изјави портпарол на воздухопловните сили на прес-конференција, објави Ројтерс.
Портпаролот рече дека еден од пилотите вклучени во инцидентот е суспендиран од летачки должности, доби строги дисциплински мерки, по што сам ја напушти војската.
