Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Од:

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милион денари, што ги зеле врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола, нивна континуирана активност е и финансиската.

– Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од речиси еден и пол милион денари – потенцира Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува и други да вратат пари, рече „сите заедно мора да изградиме систем во кој меѓусебно ќе се почитуваме“.

– Од една страна, ќе бидеме подобро платени и тоа ќе биде вреднувано легално со 33 отсто зголемени капитации за матичните доктори или кумулативно претходните две зголемувања во јавното здравство беа 17 отсто. Сега од март има уште едно зголемување. Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа, од друга, очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите – посочи Клековски.

Постојано, појасни, ќе комуницираме за да се придвижиме од една состојба во која трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си со наплаќале според она што сметале дека им следува.

– Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила што ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив – додаде Клековски.

Би можело да ве интересира

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Клековски: Законот за пушење ќе биде најпрогресивен, потребна е масовна поддршка

Во ФЗОМ средба за зголемување на платите во јавното здравство

А1он

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Клековски: Ќе има санкции за лекарите што препишуваат премногу антибиотици и анксиолитици

Горан Наумовски

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови