Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Од:

Министерството за здравстов побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михаилова со вклучување на здравствени установи каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнтелно ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката, истакна денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, тој истакна дека иако вчера во Софија имал средба со неговата бугарска колешка на која разговарале за повредените во Кочани, постигнале премолчена согласност дека прашањето за Михаилова е од доменот на правдата.

– Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на Ива не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата, бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потрница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено прашање, не го разговаравме, рече Клековски.

За извештајот на ДСЗИ поврзан со професорот Иван Барбов во однос на лекувањето на Михаилова, министерот посочи дека има констатирани прекршоци и оти е побаран стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот.

– Во основа барав дополнување на извештајот на ДСЗИ, кој беше по иницијатива на Клиниката за неврологија, бидејќи не е следена целата патека и здравствени постапки кои Ива ги имала во здравствените установи во Македонија. Дополнително побарав надзорот да се прошири на една приватна здравствена установа каде што е третирана во меѓупериодот за да добиеме комплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побарано стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот, изјави Клекоски.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила рече дека навредливата изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи не заслужува коментар.

– Видете, имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Мислам дека ваков тип на естрада којашто денеска ја гледаме таму, а којашто е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори, не заслужува коментар и мислам дека треба да ги игнорирате и вие како медиуми ваквите изјави на поединци, изјави Мицкоски.

Во однос на прашањето за повредените од Кочани, министерот Клекоски кажа дека заедно со работната група имаат планови кои наскоро ќе бидат објавени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

МНР: Изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михајлова се навредливи и провокативни

(ВИДЕО) Манасиевски: Некредибилниот Барбов да каже на јавноста дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?

Демерџиев: Бугарската полиција нема да ја врати Ива Михаилова на „српските власти“ во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски