Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии

Од:

– Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и таа чека извештај по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.

– Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку за упис на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информира Факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, Факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај за кога ќе помине рокот за постапување како министер овластен во оваа област да го донесам и конечното решение – изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација“, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА.

Во организација на Филозофскиот факултет и студентите од Меѓународни и интеркултурни студии, денеска во Скопје ќе се одржи конференција „Дипломатија – мост помеѓу нациите“.

Како што објави порталот „МКД.мк“, студенти без завршени додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии, односно не биле исполнети условите од Законот за високото образование. Тоа било откриено од Државниот просветен инпекторат и на запишаните студенти им биле прекинати студиите.

Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и на докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите, а тие сега бараат враќање на парите што ги дале за упис на втор, односно трет циклус студии.

Би можело да ве интересира

Јаневска тврди дека нема намалување на стипендиите за студентите, вели опозицијата шири паника

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

Јаневска: По случајот со повредениот ученик ќе следат законски измени

Јаневска: Можно е воведување забрана за телефони на настава и во средните училишта

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици