НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) информира дека на средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска, која на нивна иницијатива се одржала во петокот во МОН, не биле прифатени голем дел од нивните предлози за подобрување на текстовите на пекетот три закони за високо образование и за наука.

Синдикатот во допис до медиумите денеска информира дека нивните претставници на средбата ги образложиле своите забелешки, ставови и аргументи во однос на предложените законски решенија, „со посебен акцент на прашањата поврзани со почитувањето на принципот на универзитетската автономија, распределбата на надлежностите меѓу независните тела и извршната власт, условите за избор во наставно-научни и научни звања и финансирањето на научноистражувачката дејност, како и финансиската и кадровската автономија на високообразовните и научните установи“.

-И покрај изнесените аргументи и укажувања, НАкС со жалење констатира дека на средбата не беа прифатени најголем дел од нашите предлози за подобрување на текстот на законите. Претставниците на МОН изразија отвореност само за подобрено дефинирање на релевантните научни бази за научното поле на јазиците и книжевноста. НАкС останува посветен на принципите на академска автономија, заштита на квалитетот и на институционалната одговорност во високото образование и науката и ја реафирмира својата подготвеност за натамошен дијалог со сите релевантни чинители, со цел изнаоѓање решенија што ќе придонесат за одржлив развој на македонскиот систем на високото образование и науката, се наведува во соопштението на Независниот академски синдикат.

Би можело да ве интересира

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата

Јаневска: Наставниците да не се плашат за своите работни места

А1он

Земјоделската струка во Битола ќе продолжи во Регионалниот училишен центар

Помалку препишување и повеќе ред: Јаневска задоволна од спроведувањето на матурата

Јаневска: Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение