Истрага во Белград: Бебе е тешко повредено, родителите тврдат дека станува збор за момент на невнимание

Од:

Едномесечно бебе е примено во болница во Белград со тешки повреди на главата. Лекарите веднаш ги известија надлежните служби, а според најновите информации, состојбата на детето е сериозна и е под постојан надзор на медицинскиот персонал, дознава Telegraf.rs.

Веднаш по пријавата, полицијата ги сослушала родителите и членовите на семејството со цел да се расветлат околностите на оваа драма.

Како што дознава Telegraf, за време на разговорот со полицијата, членовите на семејството изјавиле дека станува збор за несреќа. Според нивното тврдење бебето се повредило кога количката се превртела, по што бебето паднало од висина од околу 30 сантиметри.

Девојчето ја удрило главата директно во бетонот. Иако првичните тврдења укажуваат на момент на невнимание и несреќен сплет на околности, полицијата сè уште спроведува проверки.

– Истрагата е во тек и се испитуваат сите околности под кои девојчето се здобило со повреди опасни по живот. Се проверува дали тврдењата за пад од количката се во согласност со повредите што ги претрпело детето, велат истражителите.

Би можело да ве интересира

66-годишен маж загина во несреќен случај во близина на Струмица

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Одреден и е притвор на мајката која го остави своето бебе до контејнер во Земун