Пукаше во обезбедувањето – не му дозволија да влезе во обложувалница и да уплати тикет

Од:

Во обложувалница во белградската населба Миријево синоќа имаше пукање и тепачка во која повредени се двајца обезбедувачи. Конфликтот се случи околу 18 часот, а полицијата го пронајде човекот кој пукаше на местото на нападот и веднаш го уапси.

Инцидентот пред обложувалницата се случи затоа што обезбедувачот не му дозволи на М.Ј.(44) да влезе во објектот, а малку подоцна извади пиштол и го застрела обезбедувачот А.М.(20) во ногата. Ранетиот млад човек успеа да избега од местото на пукањето, а потоа повика помош.

Како што пишуваат српските медиуми, М.Ј. дојде во обложувалницата околу час и половина порано, сакајќи да го уплати тикет, но работниците го повикале обезбедувањето да го отстранат затоа што со години му било забрането да влегува во обложувалницата, најверојатно поради претходни инциденти.

Откако му бил забранет влез, М.Ј. си замина, а потоа се врати вооружен околу 18 часот, и тогаш се случи пукотницата.

Откако рани млад обезбедувач, избувна тепачка пред обложувалницата, а М.Ј. со пиштол го удри другиот обезбедувач во главата.

Екипа на брза помош ги превезе двајцата обезбедувачи во болница, каде што им е укажана дополнителна медицинска помош, а полицијата го уапси М.Ј., кој сè уште имаше во себе пиштол со куршум во цевката.

Истрагата за настанот ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он

Момче изгуби свест за време на опасна „игра“ со соученик

А1он

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

Се урна таванот во супермаркет, повредени најмалку 38 луѓе

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски