(ВИДЕО) Зеленски ги одбил Американците: Не сме идиоти

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли предлозите според кои безбедносните гаранции на САД би биле условени од откажувањето на Украина од Донбас. Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а самиот Зеленски го потврди ова.

„Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури по завршувањето на војната – а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Ние не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече Зеленски во интервју за германскиот ZDF.

Тој додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Џаред Кушнер и Стив Виткоф, веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Тој исто така нагласи дека Украина продолжува со конструктивен дијалог со Вашингтон.

Зборувајќи за можните чекори кон деескалација на конфликтот, Зеленски посочи дека Украина би можела да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура ако Русија престане да напаѓа украински енергетски цели.

Тој, исто така, повтори дека Русија мора да плати за штетата предизвикана за време на војната, или доброволно или преку економски механизми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Кремљ одбива да го продолжи примирјето додека Киев не ги прифати руските услови

Пропадна велгденското примирје: Украина и Русија се обвинуваат за напади

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

Зеленски: Киев ѝ предложи на Москва енергетско примирје преку американски посредници

А1он