Иранците дадоа упатства како да се избегнат мините во Ормутскиот теснец

Од:

Бродовите што планираат да поминат низ Ормутскиот теснец треба да користат алтернативни патишта за да „ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини“, се вели во соопштението на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските државни медиуми.

Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од Оманското Море треба да пловат северно од островот Ларак, а потоа да продолжат кон Персискиот Залив.

Бродовите што пловат во спротивна насока треба да излезат од Персискиот Залив, да поминат јужно од островот Ларак и да продолжат кон Оманското Море.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски