(ВИДЕО) САД објавија видео од напад врз Техеран: „Убивме многу ирански воени лидери“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својот профил на социјалните мрежи Truth Social за кое тврди дека прикажува „масовен напад во Техеран“.

Тој додаде дека во нападот загинале „многу ирански воени лидери кои биле лошо и неодговорно водени“.

Автентичноста на видеото сè уште не е независно потврдена.

Тврдењата на Трамп доаѓаат во време на интензивни напади врз ирански воени и политички цели, во кои веќе се убиени високи функционери, вклучувајќи го и врвот на воениот и безбедносниот апарат.

Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ескалира, при што двете страни даваат спротивставени тврдења за обемот на штетата и бројот на убиени лица во последните напади.

Би можело да ве интересира

Заканувачка порака до Меланија и Барон Трамп во видео што се поврзува со ирански медиум

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел