Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – убиство.

При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го уби својот татко.

– Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал, велат од ОЈО.

Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?