Полицијата уапси 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја уби својата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го уапсија И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријави дека утрово околу 7.30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанесе убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди, почина. Смрт констатира лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство и увидна екипа од ОВР – Кавадарци, соопштија од МВР.
