Лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изрази очекување дека Претседателството на Босна и Херцеговина ќе донесе одлука со која ќе го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација, опасна за Босна и Херцеговина, нејзините граѓани и светот како целина.
Додик на платформата X изјави дека настапите и празните муабети во Вашингтон и поддршката на непријателите на САД и Израел во Сараево не одат заедно.
„Еве ја нивната можност да му ја отстапат Хагадата на Израел и да ја поддржат глобалната борба против тероризмот. Без тоа, сè што прават е само игра“, нагласи Додик.
