Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

Од:

Со длабока тага утрово ја примивме веста дека почина нашиот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, соопштија од Левица.

„Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми. Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа. Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“ напишаа на Фејсбук од политичката партија.

Велат „како советник во Илинден, беше глас на граѓаните – аргументиран, јасен и бескомпромисен кога стануваше збор за јавниот интерес. Како член на ЦК, беше еден од оние на кои можеше да се потпреш – со идеи, знаење, карактер, посветеност. Брилијантен во размислувањето, борбен во духот и исклучително човечен во односот кон луѓето, Кирил остави трага што не може да се избрише“.

„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија. Над сè, Кирил ќе го паметиме како другар. Човек кој знаеше да биде и силен и топол во исто време. Неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во организацијата и меѓу луѓето што го познаваа. Но, ќе остане и она што го остави зад себе – пример дека може да се биде принципиелен, посветен на заедницата и дека борбата има смисла. Сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа. Кирил, ќе те паметиме“ стои во објавата на Левица.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 отсто

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно нема една изборна единица