„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Од:

Високи американски функционери ги информираа Израел и другите сојузници дека САД би можеле да започнат копнена воена операција за заземање на иранскиот остров Харг со цел да се обезбеди слобода на пловидба низ Ормутскиот теснец, објави „Eрусалим пост“ (ЕP), повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Израелскиот весник објави дека американската администрација во последните денови ја разгледува опцијата за заземање на островот Харг, клучен центар за извоз на иранска нафта. Американски функционер потврди дека американската војска го забрзала распоредувањето на илјадници маринци и морнарички персонал на Блискиот Исток. Пред околу десет дена, американските сили извршија напади врз воени цели на островот Харг, по што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „сите воени цели на островот се уништени“.

Тој тогаш рече дека не донел одлука за уништување на целата нафтена инфраструктура, но предупреди дека ќе го разгледа тоа ако Иран продолжи да го блокира бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Во саботата, Трамп дополнително му се закани на Иран, велејќи дека ако блокадата на теснецот не биде укината, целта на нападот ќе бидат иранските електрани. Според ЏП, со оглед на тоа што Техеран ги отфрла американските предупредувања, изворите проценуваат дека е малку веројатно Иран доброволно да ја прекине поморската блокада.

Затоа, според изворите, постои сè поголема претпоставка дека ќе биде неопходна воена операција за да се обезбеди слобода на пловидба. Островот во Персискиот Залив е главен терминал за извоз на нафта од Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа