Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

Од:

Убиство се случи на Косово – Фарук Исуфи го загуби животот во пукотница во селото Бокшиќ во саботата.

Неговиот брат, поранешниот фудбалер на Дукаѓини – Јетмир Исуфи е осомничен за убиството.

Според локални извори, трагедијата се случи во семејниот дом, а конфликтот меѓу браќата избувна поради семејни несогласувања, наводно околу правото на куќата.

Неофицијалните информации укажуваат дека Јетмир Исуфи го застрела својот брат во гениталиите и карличниот предел, предизвикувајќи повреда по што тој искрвави на пат кон болницата.

Фарук Исуфи прво бил пренесен во итната помош во Клин, а потоа во болницата во Пеќ, каде што, и покрај напорите на лекарите, почина.

Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека осомничениот е уапсен и приведен.

Би можело да ве интересира

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Кој е Беким Сејдиу – кандидатот за претседател на Косово?

А1он

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он