Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Од:

Германија се откажа од плановите да му помогне на Израел да одговори на обвинувањата за геноцид во Газа во случајот што го покрена Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП). Ова го потврди заменик-портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Јозеф Хинтерсехер, објави Еврејската новинска служба (JNS).

– Нема да има интервенција пред Меѓународниот суд на правдата, им рече Хинтерсехер на новинарите.

Тој објасни дека одлуката на Берлин доаѓа во време кога самата Германија се брани пред МСП од обвинувањата на Никарагва дека го олеснила израелскиот геноцид.

„Сега сме страна во постапката што ја покрена Никарагва и решивме да се фокусираме на тој процес“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

Германија и натаму убедливо најголем финансиер на ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад