Иран: Заробивме американски шпиони

Од:

Иранското Министерство за разузнавање објави дека за време на голема безбедносна операција, открило и разбило десетици опозициски ќелии и уапсило четири лица осомничени за шпионажа за САД, објави новинската агенција Тасним.

Според официјалното соопштение, вкупно 111 лица биле идентификувани и уапсени во 26 провинции. Министерството, исто така, соопшти дека е запленета „значајна количина“ оружје.

„Четири шпиони на американскиот режим и неговите полномошници биле идентификувани и уапсени и во провинциите Хамадан и Западен Азербејџан“, се вели во соопштението.

Иранските власти тврдат дека уапсените лица собирале и пренесувале чувствителни информации, вклучувајќи ги локациите на командните места, опремата и распоредувањето на безбедносните сили.

„Овие предавници му давале на непријателот информации за позициите на штабовите, опремата и распоредувањето на безбедносните сили“, соопшти министерството.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи