Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Од:

Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“ ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ, вели портпаролката на опозициската партија Богданка Кузеска.

– Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ. Затоа и постои така наречената „Платформа“ тоа е „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од страна на ВМРО. Пронаоѓаат уценети лица, нудат пари, вработувања, а на некои и бизнис…преку осигурувања, преку банки, фирми! Но, ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејствија на ВМРО и Мицкоски. Нема да се занимаваме со уценети луѓе -поединци кои работат или одработуваат токму за таа криминална група, рече Кузеска на прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните