СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, најави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека денешното поскапување на горивата е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема ништо за да го заштити стандардот на граѓаните.

„Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава.Иако премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат и дека ќе се намалат некаде за 2,5 денари по литар тие поскапеа за 7 денари. И тоа не е ништо од премиерот, секој ден му е само една нова лага. Нема најава за никакви мерки коишто во оваа тешка криза ќе им помогнат на граѓаните полесно да живеат“, рече Филипче.

Тој додаде дека сите земји во регионот веќе преземаа соодветни мерки со коишто им помагаат своите граѓани полесно да ја надминат оваа криза, само нашата влада не прави ништо, не се грижи за граѓаните, се грижи само за сопствените бизниси и за сопствените тендери.

„Имајќи предвид дека апелиравме, имајќи предвид дека како и секогаш досега владата не одговори и нема намера да одговори, ние во Собранието ќе поднесеме пакет на закони со цел да им олесниме на граѓаните оваа криза полесно да ја надминат. Прво закон за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за горивата, понатаму намалување на акцизата за 4 денари, третиот закон е укинување односно сведување на 0 % проценти ДДВ за основните прехранбени производи и четвртиот закон е за преполовување на цените на патарините коишто нашите граѓани ги плаќаат возејќи по патиштата ширум државата“, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови