ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

Од:

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ.

Од партијата велат дека од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите.

„Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.

Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.

Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:

– Линеарно зголемување на платите за 3.500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
– Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
– Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
– Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.

Ова се изводливи мерки кои можат веднаш да се спроведат доколку постои институционална волја.

Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа на нивоа од пред војната со Иран

Светот се плашеше од цената од 200 долари за барел: Како Кина тивко ја спаси светската економија

Цените на нафтата паднаа под 80 долари за барел

Иранските танкери за нафта испловија по двомесечна поморска блокада

Поскапуваат горивата

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски