„Дејли меил“: Моџтаба Хамнеи е во кома, една нога му е ампутирана

Од:

Моџтаба Хамнеи, 56-годишен шиитски свештеник, беше избран за нов врховен водач по смртта на неговиот татко, кој со децении беше најмоќната политичка и религиозна фигура во Иран. Неговиот избор беше потврден од Собранието на експерти, телото кое има овластување во иранскиот политички систем да го избира врховниот водач на државата.

– Има извештаи дека новиот ирански водач е сериозно повреден во неодамнешните напади. Според некои медиумски извештаи, Хамнеи е во кома, а во тие напади наводно останал без нога. Сепак, оваа информација не е официјално потврдена од иранските власти, пишува Дејли Меил.

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша изборот на Моџтаба Хамнеи како „неприфатлив“, додека израелските власти изјавија дека ќе продолжат со воените операции против иранското раководство.

Изборот на син за наследник дополнително отвори контроверзии бидејќи за прв пат од Исламската револуција од 1979 година, врховната власт во Иран практично се пренесува од татко на син. Критичарите веруваат дека ова претставува чекор кон династички модел на моќ во земја што е создадена со соборување на монархијата.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран