Пезешкијан: Иран напаѓа само непријателски бази

Од:

Целите на иранската војска се само бази што се користат за напади врз иранска територија, изјави денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Пезешкијан нагласи дека Иран не сака да влегува во конфликт со земјите во регионот, објави Ројтерс.

И покрај ова, Заедничката воена команда на Иран соопшти дека банките и другите финансиски институции на Блискиот Исток се легитимни цели за ирански напади.

„Во оваа нелегитимна и неконвенционална војна, непријателот ни даде зелено светло да ги таргетираме економските центри и банките што им припаѓаат на Соединетите Американски Држави и ционистичкиот режим. Американците можат да очекуваат болен одговор од нас“, соопшти командата.

Наводно, од цивилите во регионот на Блискиот Исток било побарано да останат на околу еден километар оддалеченост од зградите на банките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Цените на нафтата експлодираа, највисоки од 2022 година

САД воведоа санкции против 35 поединци и организации поради помагање на Иран

„Волстрит журнал“: САД се подготвуваат на долгорочна блокада на Иран

„Врие“ во Иран: Црвените политички линии се преминати

Шефот на Мосад: Дојдовме до „јадрото“ на тајните на Иран и Хезболах

Аракчи: Се зајакна алијансата Иран-Русија, сега е многу посилна