Иран им се заканува на САД и Израел со катастрофална одмазда: „Наскоро ќе се одмаздиме“

Од:

Портпаролот на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи, се закани со одмазда против САД и Израел за нивните „бесрамни и брутални злосторства“, обвинувајќи ги за убивање цивили, жени и деца од „очај и неможност да се соочат со вооружените сили“, објави иранската новинска агенција Дефапрес.

„Им велам да очекуваат наша разорна одмазда за овие варварски дејствија. Наскоро ќе се одмаздиме и ќе им зададеме смртоносни удари“, рече Шекарчи.

Иранскиот генерал, исто така, ги повика земјите и муслиманските народи во регионот да ги откријат позициите на непријателските сили за да избегнат повредување на цивилите.

Ги повикувам муслиманските народи и земјите во регионот да ни ги откријат скривалиштата на американско-ционистичките сили, за да не бидат повредени самите. Ова ќе ни овозможи прецизно да ги таргетираме оние што ги користеа народите од регионот како човечки штитови, рече Шекарчи.

Би можело да ве интересира

Арагчи: „Трамп повторно е измамен“

Багеи: Иран сè уште го разгледува предлогот на САД за прекин на конфликтот

Трамп: Паднаа во океанот како пеперутки во гробовите, прекрасно

САД бомбардираа ирански пристаништа и острови, Иран нападна американски воени бродови

Американците извршија напади врз иранските пристаништа

„Политико“: Најголемата пречка за договорот со Иран може да биде егото на Трамп