Иран: Нападнавме најсилно од почетокот на војната

Од:

Вооружените сили на Иран започнаа нов бран напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, ракетите беа или пресретнати или паднаа во ненаселени области, објави „Тајмс оф Израел“.

Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда (ИРГК), го опиша нападот како најтежок бран напади од почетокот на војната.

Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека седум балистички ракети и седум беспилотни летала се пресретнати во различни делови од земјата.

Во Кувајт, Министерството за одбрана соопшти дека четири беспилотни летала се пресретнати, додека едно се урна на отворен терен.

Сирени за воздушен напад се огласија и во Бахреин.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран