Израел го отфрла предлогот на Либан: Нема „пауза“ во офанзивата против Хезболах

Од:

Израел ги отфрли дипломатските понуди од Либан да ја запре ескалацијата на офанзивата против милитантната група Хезболах, барајќи разговорите да се одржат „додека конфликтот продолжува“, изјавија три неименувани извори запознаени со ова прашање.

Разговорите не се одржаа поради несогласувања околу редоследот на операциите, при што Бејрут бара прекин на огнот пред да може да се одржи каков било состанок, додека израелската влада сака да разговара само за можноста за прекин на огнот, објави Ројтерс.

Вкупниот број на жртви во Либан се искачи на 486, објавија либанските државни медиуми.

Во извештајот на државната новинска агенција ННА, повикувајќи се на либанското Министерство за здравство, се вели дека 1.313 лица се ранети, објави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна