Возач загина во Дубаи откако беше погоден од остатоци од пресретната ракета

Од:

Властите во Дубаи потврдија дека остатоци од пресретната ракета погоди возило во областа Ал Барша, при што возачот e убиен.

Медиумската канцеларија во Дубаи на својата страница X соопшти дека тимовите за итни интервенции брзо реагираa на инцидентот и дека е започната истрага за околностите на несреќата, објави Gulf News.

Зградите околу марината во Дубаи беа евакуирани откако остатоците од пресретната иранска ракета ја оштетија фасадата на облакодер во градот, објави CNN.

Марината се наоѓа во близина на голем број туристички атракции и градски институции, вклучувајќи го Американскиот универзитет во Дубаи и трговскиот центар Дубаи Марина.

Би можело да ве интересира

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски