Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека неговата изјава дека Иран нема да ги нападне соседните земји освен ако тие први не го нападнат него е „погрешно протолкувана од непријателот кој сака да посее поделба меѓу соседите“, објави иранската државна телевизија.
„Многу пати е кажано дека ние сме браќа и дека мора да имаме добри односи со нашите соседи. Сепак, ние сме принудени да одговориме на нападите, но тоа не значи дека имаме спор со (соседната) земја или дека сакаме да го вознемириме нејзиниот народ“, рече Пезешкијан.
Вчерашната изјава на Пезешкијан дека Преодниот совет на Иран, телото што ја управува земјата додека не се избере нов врховен лидер, одлучил да ги запре нападите врз соседните земји, освен во случаи на напад од нивна страна, беше протолкувана како одлука за запирање на нападите врз земјите околу Персискиот Залив, но иранските напади врз тие земји продолжија.
„Немаме намера да ги нападнеме соседните земји. Советот одлучи да не напаѓа ниту да лансира ракети кон соседните земји, освен во случај на нивни напади врз Иран. Многу пати рековме дека тие се наши браќа. И мора да работиме заедно за да воспоставиме мир и стабилност во регионот“, рече Пезешкијан во видео порака на иранската државна телевизија.
