Иран лансираше ракети и беспилотни летала врз ОАЕ, Саудиска Арабија и Кувајт

Од:

Иран лансираше повеќекратни напади со ракети и беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Кувајт, објави денес Ал Џезира.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивната воздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала од Иран и дека звуците што се слушале во земјата се резултат на пресретнувањето на ракетите.

Министерството за внатрешни работи на Кувајт соопшти дека двајца припадници на граничните безбедносни сили на земјата биле убиени додека биле на должност, без да ги наведе точните околности или местото на нивната смрт. Цивилните објекти во Кувајт беа оштетени од паѓање остатоци по пресретнувањето на беспилотно летало, соопшти кувајтската војска.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран