Трамп предупреди: САД подготвуваат ракети против наркокартелите

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи употреба на ракети во борбата против наркокартелите, за време на неговиот говор пред латиноамериканските лидери собрани на самитот во Дорал, Флорида.

– Ќе користиме ракети. Сакате ли да користиме ракети? Тие се исклучително прецизни. Директно во дневната соба – и готово е со тој член на картелот – изјави Трамп на почетокот на средбата.

Трамп најави и формирање на нова меѓународна воена коалиција чија единствена цел ќе биде целосно искоренување на криминалните групи кои го тероризираат регионот.

Администрацијата на Белата куќа веќе вклучи осум моќни наркокартели, меѓу кои „Синалоа“ и „Халиско Нова генерација“, на листата на странски терористички организации. Вашингтон од септември минатата година спроведува интензивна кампања на воздушни удари против пловила во Карипското Море и Тихиот Океан, за кои тврди дека се користат за шверц на дрога, операција во која досега се убиени околу 150 лица.

Би можело да ве интересира

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Трамп: Иран го бомбардираше сопственото училиште, убивајќи 168 девојчиња

(ВИДЕО) Трамп: Не сакам Курдите да влезат во Иран

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран

Иран: Ако Трамп бара ескалација, тоа е токму она за што нашите моќни вооружени сили долго време се подготвуваат

Горан Наумовски

Трамп: Новиот ирански лидер нема долго да трае без мое одобрение

Горан Наумовски