Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи денес потпиша указ за распуштање на парламентот и објави дека ќе бидат распишани предвремени избори.

Османи на прес-конференција изјави дека неуспехот на пратениците да изберат претседател го турна Косово во нови избори.

– Оваа ситуација беше целосно избежна, рече Османи.

Таа најави дека во текот на денот ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии за датумот за закажување на предвремени парламентарни избори.

На вонредна седница одржана само неколку часа пред уставниот рок за избор на претседател, парламентот го суспендираше изборниот процес поради недостаток на кворум.

За избор на претседател, потребни се 80 гласа во првите два круга гласање, а најмалку 61 во третиот.

Во салата беа присутни 66 членови на владејачката коалиција, додека членовите на опозицијата беа отсутни.

Претходно беше одржана седница за разгледување на уставните амандмани, поднесени од претседателката на Собранието Вјоса Османи за директно гласање за претседател, која исто така беше одложена поради недостаток на кворум.

По затворањето на втората седница, претседателката на Собранието, Албулена Хаџиу, се обрати до Уставниот суд со барање за донесување привремена мерка за суспендирање на уставниот рок за избор на претседател.

Би можело да ве интересира

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Катерина Ѓуровски