Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Од:

Во Основен суд Штип денеска почна судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар.

Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот кој го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријави нејзината сестра.

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријави дека Б.Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, e извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што се пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.

– По претресот, обвинетиот беше уапсен и му беше изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот доведоа до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Полицаец во пензија доби 10 години затвор – ја уби сопругата затоа што не го гаснеше светлото во станот

А1он

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

ВИДЕО: Познат актер убиен пред неговиот дом во Лос Анџелес, убиецот сам се пријавил