Иранска револуционерна гарда: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Од:

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека има „целосна контрола“ врз Ормускиот теснец, клучен пат за превоз на нафта и гас, и предупреди дека секој брод што се обидува да помине низ него ризикува штета од ракети или залутани дронови.

Функционерот на морнарицата на ИРГЦ, Мохамед Акбарзаде, изјави за новинската агенција Фарс дека теснецот „моментално е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, објави „Тајмс оф Израел“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица е подготвена да ги придружува танкерите за нафта низ клучниот пат за превоз во Заливот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американски Ф-15 соборен, повторно

Трамп најави нови акции: Нашата воена моќ е најголема на планетата

Израелските одбранбени сили тврдат дека уништиле таен нуклеарен објект во предградието на Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Купер: Ја потопуваме целата иранска морнарица и нема да застанеме

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети

Иран тврди: Започнавме три големи операции