Иранските ракети повредија граѓани на Израел

Од:

Три лица се полесно повредени во централен Израел во денешниот ирански напад со балистички ракети, соопштија здравствените власти.

Израелската војска соопшти дека распоредила сили за пребарување и спасување на местата каде што паднале пресретнати фрагменти од ракети и делови од касетни бомби, предизвикувајќи повреди и штети, објави „Тајмс оф Израел“.

Војската, исто така, соопшти дека цивилите во областите каде што претходно се огласувале сирени сега можат да ги напуштат засолништата, но дека сепак треба да останат во нивна близина, објави израелскиот портал.

Би можело да ве интересира

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“