Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Од:

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во петокот изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште претпочита дипломатско решение со Иран.

Венс за „Фокс њуз“ изјави дека Трамп се надева дека Иранците ќе го сфатат ова сериозно на утрешните разговори, објави Ројтерс.

„Претседателот беше кристално јасен, најјасен што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје… Тој ќе се обиде да го постигне тоа преку дипломатија“, рече Венс.

Би можело да ве интересира

Иран лансираше 10 балистички ракети врз американската база во Јордан и командниот центар

САД повторно го напаѓаат Иран

Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини

ИДФ: Борбата против Иран не е завршена, следат големи операции

Аракчи: Америка се воздржи од нови воени авантури

Трамп: Ми се јавија од Техеран, очајно сакаат да постигнат договор