Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Од:

Шест мигранти биле пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Куманово, а возачот е уапсен, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

– На бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го уапсија О.К. (33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ превезуваше шест лица, мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, се вели во соопштението од МВР.

Претходно, на наплатната станица „Романовце“, О.К. тој не застанал на даден знак од полициските службеници. Но, по преземени мерки, возилото е пронајдено, О.К. е уапсен и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, најави МВР.

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ