Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Од:

Мисијата на Руската Федерација во Европската Унија (ЕУ) во Брисел ја осуди одлуката на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, да го ограничи бројот на членови на мисијата на 40, тврдејќи дека одлуката има за цел да ги попречи дипломатските напори за време на тековните преговори за мирно решавање на војната во Украина.

Одлуката наводно е донесена пред планираната посета на Киев на четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина од страна на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави ТАСС.

Европската Унија одлучи да го ограничи бројот на руски дипломатски мисии во Брисел на 40 лица, со цел, според Калас, „да се избегне злоупотреба на дипломатската моќ“.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија не успеаја да постигнат договор порано денес за 20-тата рунда санкции против Русија, изјави шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас.

„Ова е чекор назад и пораката што не сакавме да ја испратиме денес, но работата продолжува“, рече Калас по состанокот на министрите, објави Гардијан.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“