ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени

Од:

Една полицајка е убиена, а 24 лица се повредени откако неколку експлозивни направи беа детонирани на полноќ во Лвов, во западна Украина, објави денес украинската полиција.

„Прелиминарно, беше утврдено дека се детонирани рачно изработени експлозивни направи“, објави полицијата на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Властите го опишаа инцидентот како терористички напад, пренесува Киев Индепендент. Пред експлозиите немаше тревога за воздушен напад.

„Ова беше терористички напад. Петнаесет жртви во моментов се хоспитализирани“, изјави претходно градоначалникот на Лвов, Андриј Садовиј.

Експлозиите се случија во близина на историскиот центар на градот, а силата на детонациите ги скрши прозорците на околните згради. Репортер на Киев Индепендент од терен ги слушна експлозиите околу 00:25 часот по локално време.

Националната полиција на Украина соопшти дека експлозиите се случиле откако полицајците пристигнале на местото на настанот по повик. Обвинителството на регионот Лавов објасни дека полицајците реагирале на пријава за провала во продавницата кога се случила првата експлозија. Втората следела кога на местото на настанот пристигнала друга полициска екипа.

„Според прелиминарните информации, убиена е 23-годишна полицајка. Оштетени се патролно возило и цивилно возило“, објави обвинителството.

Властите сè уште ја проценуваат ситуацијата и сè уште не објавиле кој би можел да стои зад смртоносниот напад.

Би можело да ве интересира

Прекинот на огнот на Зеленски почна два дена пред примирјето на Путин

Иран му одговори на Трамп: „Тресе глупости“

Иран ги нападна Емиратите

Хегсет: Примирјето сè уште важи, иранската флота на воени бродови е сериозна закана

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем украински напад длабоко на руска територија, експлозии во неколку области

(ВИДЕО) Зеленски: Украинските дронови би можеле да ја таргетираат Парадата на победата во Москва

Катерина Ѓуровски