30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Од:

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.

Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испрати сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје.

„Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца. По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршија претрес на дом и други простории во Мала Речица“, извести ОЈО.

При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Iphone мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје – пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

(ВИДЕО) Терористички напад во Уфа: Напаѓач со нож избоде неколку лица во студенски дом, меѓу повредените е и дете

Горан Наумовски

Спречен крвав план: Најдени се пиштоли и автоматскa пушкa кај група која планираше одмазда за осудени терористи

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

Македонски државјанин баран за три убиства e уапсен во Тирана

Горан Наумовски