Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Од:

Поради силен ветер летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

-За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности, соопшти ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Се гаснат шест пожари, под контрола се два

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати